Македонија
14. February 2020 - 16:39

Среќен ,,Свети Валентин‘‘ - Празник на вљубените

Свети Трифун или Свети Валентајн? За граѓаните повеќе е важно да се одбележи сè што е убаво, отколку кој светец се празнува.

Свети Трифун се смета за заштитник на лозарите и го празнуваат православните, додека католичките христијани на овој ден го слават Свети Валентајн, заштитникот на вљубените.

Но, глобализацијата придонесе Свети Валентајн да се одбележува во многу земји ширум светот. Вообичаено саканите си подаруваат нешто што ја симболизира љубовта.
За угостителите овој ден е еден од поплодните. Од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот повикуваат на одговорност од страна на сите учесници во сообраќајот.