Живот
11. May 2017 - 10:39

Среќа во несреќа: Ајкула му го спаси животот, еве како

На Јуџин Фини, додека бил на излет со семејството во Калифорнија, му се случил напад од ајкула, но тоа, колку и да звучи апсурдно, за него била прилично среќна околност.

Немилиот настан се случил додека тој лежел на плажата, близу самиот брег. Нешто многу поголемо и помоќно го повлекло кон водата, но некако успеал да се извлече.

По нападот, имал рани на грбот, се преврзал со домашна „прва помош“, но болката не минувала, па отишол в болница и лекарите му направиле рентген.

Ајкула напад

Од снимките, произлегло дека  Јуџин всушност има тумор на едниот бубрег. Операцијата била неодложна и се покажало дека тоа го запрело ширењето на туморот.

Самиот Јуџин признава дека нема навика да оди на систематски прегледи и, да не бил нападот од ајкулата, тој не би дознал за туморот навреме.