-->
-->
Средношколка од Kрива Паланка наградена на меѓународен натпревар по француски јазик
-->
Во конкуренција со ученици од шест држави од централна и источна Европа, гимназијалката Исидора Нунева од средно општинско училиште „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка го освои третото место на Меѓународниот натпревар по француски јазик „Олимпијади“.
Втората по ред „Олимпијада“ по француски јазик се одржа во Ловеч, Република Бугарија. Организатор е Meѓународната франкофонска организација GREFECO, во соработка со Министерство за образование на Бугарија и локална самоуправа на Ловеч.
- Учествуваа вкупно 36 ученици од Молдавија, Бугарија, Македонија, Романија, Ерменија и Албанија. Од нашата држава учествуваа шест ученици, три од билингвална паралелка и три од класична гимназија, сите кои ги освоиле првите три места на државен натпревар минатата учебна година, додека нашата Исидора го освои третото место во екипно презентирање од класична гимназија, информира Сашка Младеновска, професор по француски јазик во СОУ „Ѓ.Петров“ и предводник на делегацијата од Македонија.
Натпреварот се состоеше од писмен дел со состав на тема „Велат дека не постојат граници помеѓу младите“ по што учениците настапија екипно каде усно презентираа излагања на тема „Патување и пишување“.
По повод освоената награда, директорот на СОУ „Ѓ.Петров“ органзиираше свечен прием на кој ги поздрави успесите на менторот и ученичката, посакувајќи им добри резултати и во иднина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата