Македонија
6. August 2022 - 16:29

Среде сезона Ковидот најголем проблем за матичните во Охрид

Секојдневно расте бројот на заболени од Ковид-19. Пандемијата повторно зема залет но како што посочуваат лекарите место за паника нема, новите мутации на вирусот се позаразни, но притисокот врз болниците е помал. Сепак тие апелираат до граѓаните да бидат претпазливи и често да ги проветруваат просториите.

Иако во овој бран предизвикува поблаги симптоми за за разлика од претходните сепак според лекарите, клучно е раното тестирање и почнување со терапија за да не дојде до компликации.

Високите температури пак и големата гужва во градот ги зголеми повициите, лекарите постојано интервенираат на колапси, инфаркти, но и пијани пациенти.

Лекарите апелираат до граѓаните да бидат внимателни, да одржуваат високо ниво на лична хигиена, да носат заштитни маски на пропишаните места и навремено да побараат лекарска помош.