-->
-->
Средби на претседателот Пендаровски на маргините на Минхенската безбедносна конференција
-->
Претседателот Стево Пендаровски денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција оствари средба со Бернард Емие, директорот на француската генерална дирекција за надворешна безбедност ДГСЕ.
-Разговаравме за нашиот придонес како НАТО членка кон регионалната стабилност и за актуелните безбедносни предизвици во поширокиот регион, напиша Пендаровски на својот Фејсбук-профил.

Покрај со Емие, претседателот Пендаровски се сретна и со главниот извршен директор на Jigsaw, Џаред Коен. Двајцата соговорници дискутирале за примената на технолошките решенија во справување со глобалните предизвици, како и за тоа дека дигитализацијата е неопходна за забрзан развој и претставува стратешки приоритет во наредната деценија.
На средбата со Томас Гомар, директорот на Францускиот институт за меѓународни односи (ИФРИ), Пендаровски напиша на ФБ дека имал можност одблиску да се запознае со приоритетите на актуелното француско претседавање со ЕУ, со акцент на проширувањето со Западниот Балкан, како и со активностите поврзани со Конференцијата за иднината на Европа – процеси во кои учествуваат и експерти од реномираниот тинк-тенк Ifri – Institut français des relations internationales.

-Ме радуваат низата иницијативи преземени од Франција кои се насочени кон зајакнување на нејзиниот ангажман на Западниот Балкан, вклучително и најавениот Самит ЕУ – ЗБ во јуни годинава, напиша на Фејсбук претседателот Пендаровски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Акиов по вчерашниот инцидент: Не сум гомнар туку борец за правда, се извинувам на правничката за повредата
-
Лидерите на Кина и Русија разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток
-
Се стопира изградбата на објект во заштитената зона во Старата охридска чаршија
-
Хамнеи: Израел заслужено е казнет
-
Трамвај излета од шините и удри во пицерија во Шведска, повредени седум лица
-
Приведено 43-годишно лице кое возело со 2,06 промили алкохол во крвта
-
Брачен пар прегазен на тротоар во Охрид, жената почина
-
Песков: Ситуацијата на Блискиот Исток е опасна за целиот свет