Македонија
14. January 2021 - 17:03

Средби на Османи во Атина: Грција бара исполнување на Преспанскиот договор како услов за евроинтеграциите

Грција ја подржува европската интегарција на Македонија, но бара целосно спореведување на договорот од Преспа. По денесшната средба со Османи, грчкиот министер за надворешни работи порача дека напредок во имплементацијата има, но не е доволна.

Стриктната употреба на новото име во јавните институции, па дури и во веб порталите, отстранувањето на програмата за антиквизација и на звездата од Вергина, како и преименување на патиштата и други инфраструктурни објекти.

Македонија и Грција денеска во Атина потпишаа три меморандуми за зголемување на собработката во дипломатските односи, безбедноста и инфраструктурата. Токму ова според министерот Османи е чекор напред во зголемување на довербата помеѓу двете земји.

-Отсекогаш сум велел дека економијата и бизнисот треба да ги предводат нашите односи, наша обврска е преку овие меморандуми, преку политичката соработка, да ги создадеме сите услови за натамошно унапредување на трговската размена, размената во областа на туризмот, инвестициите, како најважна и сигурно нај-опиплива придобивка за граѓаните. Пред нас стојат сериозни инфраструктурни и енергетски проекти: преку изградбата на интерконекторот за пренос на гас, поврзување на земјите преку гасовод, возобновување на постојниот нафтовод, учество во изградбата на гасниот терминал Александрополис, железничкото поврзување, патното поврзување и секако отворањето на новите гранични премини Маркова Нога-Лемос и Мајден-Промахои“, нагласи Османи.

Во духот на доборсоседските односи Грција ќе ја зголеми поддршката за обезбедување вакцини против Ковид -19 за земјава.

Потребата за зајакнување на односите и поддршката за европската интеграција без во фокусот и на средбата која Османи во Атина ја оствари и со грчката претседателка. Работната посета македонскиот шеф на димпломатијата ќе ја заокружи и со средба со грачкиот премиер Мицотакис.