Средба на Заев со Нуланд
Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со помошник државната секретарка на САД Викторија Нуланд.
На состанокот, соопшти СДСМ, се разговарало за политичката криза во Македонија и начините за нејзино решавање. Било истакнато дека ова е клучен период за постигнување договор за неопходните услови за фер и регуларни избори.
- Заеднички е констатирано дека мора да се обезбеди прочистен, доверлив Избирачки список и објективно известување на медиумите и дека со исполнување на овие услови, исто така заеднички е констатирана можноста за одржување на предвремените парламентарни избори во текот на ноември, стои во соопштението.
На средбата, се наведува во соопштението, била потенцирана неопходноста за формирање Влада што ќе организира и спроведе регуларни избори на кои ќе одлучи слободната волја на граѓаните, како и дека без разлика на промените што ги прави власта во Законот за внатрешни работи, Владата мора да биде формирана согласно сите аспекти на Договорот од Пржино.
Заев порачал дека брзи фер избори ќе ја спасат Македонија од економското и финансиско тонење на државата и, како што стои во соопштението, недемократскиот начин на владеење што штети на евро-атлантските перспективи.
- Власта со намерата за ново големо задолжување преку еврообврзница, со законот за владино рекламирање, со законот за МВР, нанесува дополнителни огромни штети на интересите на граѓаните на Македонија, рекол претседателот Заев.
На состанокот била нагласена потребата од целосна независност на СЈО, професионална соработка на судството и МВР со СЈО, како потребата од недвосмислена поддршка на работата на СЈО, од страна на сите политички субјекти.
Ново на Сител
-
Венчавка на младенците на Галичката свадба
-
Сончево и топло, максимална температура до 38 степени
-
Без вода дел од стар Аеродром
-
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење