Средба на Трајанов со Бејли
Претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов денеска остварил средба со амбасадорот на САД, Џес Бејли, на која биле разменети мислења за актуелната политичка состојба, за бегалската криза како и за претстојните парламентарни избори.
Како што соопштија од ДС на средбата во седиштето на партијата била нагласена потребата од обезбедување на избалансирано и објективно информирање од страна на медиумите, прочистување на избирачкиот список, како и одвојување на партиите од државата, сè со цел да се обезбедат услови за фер, демократски и кредибилни избори.
-Демократскиот сојуз се залага за тоа креаторите на политичката криза да понесат одговорност, при што инсистира Специјалното јавно обвинителство да работи професионално и одговорно и да престанат блокадите и опструкциите од државните институции во извршувањето на неговата функција, се наведува во соопштението на ДС.
Трајанов, посочил дека Демократскиот сојуз, во соработка со други партии и граѓански асоцијации, се подготвува за учество на претстојните парламентарни избори.
Ново на Сител
-
Во Прилеп денеска е ден на жалост
-
Ракометарите на Веспрем триумфираа на Светско клупско првенство
-
Дождот добредојден за земјоделството, се препорачува примена на агротехнички и превентивни мерки
-
Почина малолетник во сообраќајна несреќа на патот Куманово - Крива Паланка
-
Влада: Приоритет е подобрувањето на здравствениот систем, здравствената заштита, услугите за пациентите
-
Раководството на Реал Мадрид незадоволно од настапите на тимот
-
Вавринка со историско достигнување
-
В недела локални избори во Босна и Херцеговина