Средба на Ташевска-Ременски со претставници на вработените во „МЗТ Леарница АД“
Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски денеска се сретна со синдикалните претставници на вработените во „МЗТ Леарница АД“ на која беа изнесени проблемите со коишто подолго време се соочуваат работниците во однос на исполнување на нивните права од работен однос и безбедноста и здравјето при работа.
На состанокот, како што соопштија од Министерството за труд и социјална политика, присуствувал претставник од Државниот инспекторат за труд и Прекршочната комисија при Министерството за труд и социјална политика. Биле донесени заклучоци кон кои, како што се посочува во соопштението, ќе се пристапи во периодот што следи со цел намалување на штетните последици од кршењето на обврските на работодавачот, согласно со Законот за работните односи.
Ново на Сител
-
Украдени електрониката и каблите од новиот водовод на Трескавец, пуштањето во употреба одложено за март
-
УГД со бесплатни часови за матурантите по математика, физика, хемија и биологија
-
Младите сакаат брза заработка, не се заинтересирани за пракса
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино