Средба на Шекеринска со норвешкиот амбасадор Бјорнстад
Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Норвешка во Македонија, Арни Бјорнстад.
На средбата, како што соопшти СДСМ, се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија по одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да не го даде мандатот за формирање на новата влада според мнозинската волја на граѓаните.
- Уставната криза што ја предизвика Ѓорге Иванов со одлуката да не го даде мандатот на парламентарното мнозинство обезбедено со потписи од 67 пратеници избрани од граѓаните е штетно и опасно сценарио што ја продлабочува политичката криза во Македонија, вели Шекеринска.
Според неа, неопходно е Иванов што побрзо да ја смени одлуката и да го даде мандатот за формирање на новата влада во Македонија, што е интерес и на граѓаните и на државата.
Шекеринска додава дека Уставот предвидува јасни решенија за излез од политичката ситуација. - Заеднички е констатирано дека Уставот и законите на државата мора да бидат почитувани и спроведени од сите институции на системот и дека единствениот пат за евро-атлантски развој на Македонија е да продолжат демократските процеси, истакнува Шекеринска.
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни