Средба на претседателот Пендаровски со генерал-полковник Сенад Машовиќ
Претседателот и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски, денеска оствари средба со генерал – полковник Сенад Машовиќ, началник на Здружениот штаб на вооружените сили на Босна и Херцеговина, на која биле разменети мислења и информации за севкупната армиска и одбранбена соработка меѓу двете земји и заедничкото учество во странски мировни мисии.
Претседателот Пендаровски, како што информираат од неговиот кабинет, на средбата со генерал – полковник Машовиќ разговарале и за можностите за зајакнување на меѓусебната соработка во функција на поголем придонес на билатерален и на мултилатерален план. Пендаровски истакнал дека Република Македонија и како 30-та членка на НАТО ќе продолжи со добрата армиска соработка со Босна и Херцеговина.
Пендаровски, на средбата, исто така, посочил дека е одлична можноста припадници на нашата Армија да се дообучуваат во центрите за обука на Босна и Херцеговина, а на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје да се образуваат питомци од Босна и Херцеговина, со што воената обука и образование ќе придонесуваат во развојот на армиската соработка.
Ново на Сител
-
Ристовски: Во министерството донесовме одлука да го прогласиме ракометот за спорт број 1
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Мицкоски има доверба во Изет Меџити, на ДУИ им порача да достават докази
-
Мицкоски: Владата ќе ја отпочне постапката за разрешување на јавниот обвинител
-
Затворен уште еден институт со одлука на МОН, министерката Јаневска вели ќе има уште неколку
-
Судир меѓу полиција и граѓаните во Нови Сад
-
Некои од најбучните раси кучиња
-
Ѓорги Начевски: И јас сум критичар на странски играчи, но мора да сме реални, тие ни се неопходни