Средба на претседателот Пендаровски со црногорскиот премиер Абазовиќ
Претседателот на државата Стево Пендаровски оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, за време на учеството на Светскиот економски форум во Давос.
Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, на средбата беше изразена подготвеност за унапредување на севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Црна Гора, нагласувајќи ги потенцијалните можности за јакнење на економската соработка.
-Двајцата соговорници разменија мислење за актуелните политички случувања во двете земји, во Европа и во регионот на Западен Балкан, реафирмирајќи ги заложбите за регионална стабилност, безбедност и просперитет, преку доследно јакнење на демократските процеси и засилено меѓународно партнерство. Соговорниците се согласија дека тесната соработка во рамки на НАТО сојузништвото ќе продолжи и во процесот на интеграција во Европската Унија, како заедничка стратешка цел на двете земји, информира Кабинетот на претседателот Пендаровски.
Пендаровски му честиташе на Абазовиќ за назначувањето на новата функција, посакувајќи му успешен мандат при справувањето со внатрешните и со надворешно-политичките предизвици и цели.
Ново на Сител
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје
-
Загина 20-годишно момче во сообраќајка кај Новоселани
-
Со автоматска пушка влегол во казино и одзел над 5000 евра
-
Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни
-
АСО: Неоправдано е поскапувањето на полисите
-
Со лажен сертификат за англиски јазик аплицирала за директорка и добила работа, сега ќе одговара кривично
-
Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети
-
Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај