Средба на министерот Спасовски со чешкиот амбасадор Мирослав Томан
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со амбасадорот на Чешката Република во земјава, Мирослав Томан, и со новоименуваниот конзул и раководител на економскиот сектор во Амбасадата на Чешка, Давид Чернохорски, кому Спасовски, како што информира МВР, му посака добредојде и успех во работата во унапредувањето на одличните билатералните односи меѓу двете држави.
– Од страна на двајцата соговорници уште еднаш беа потврдени пријателските односи, континуираната поддршка која Чешката Република и ја дава на Република Македонија во повеќе сфери на општествениот живот и беше изразено уверување дека и во иднина ќе се работи на нејзино продлабочување и интензивирање преку нови проекти и донации кои ќе бидат од голема полза за потребите и јакнење на капацитетите на Министерството за внатрешни работи, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Министерот Спасовски и амбасадорот Томан разговараа и за планираното испраќање нов чешки контингент од полициски службеници за поддршка на нашата полиција во справување со миграцијата на јужната граница од земјава.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени