Македонија
26. August 2021 - 18:59

Средба на министерот Филипче со британската амбасадорка Галовеј

Министерот за здравство, Венко Филипче оствари средба со Амбасадорката на Обединетото Кралство во државава, Рејчел Галовеј, на која разговарале за состојбата со пандемијата, вакцинацијата, опсегот на имунизација на населението како и новиот актуелен бран со кој светот се соочува.

Министерот на својот Фејсбук профил напиша дека на средбата изразиле надеж дека имунизацијата ќе се одвива со засилено темпо.

– Во надеж сме дека имунизацијата ќе се одвива со засилено темпо насекаде во светот, а тоа ќе допринесе во блиска иднина да се постигне колективен имунитет и сите да му се вратиме на нормалното живеење без ограничувања, мерки и рестрикции, стои во објавата.