-->
-->
Средба на градоначалникот на Гази Баба со пливачите Стефановски и Илиевски
-->
Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски ги прими пливачите на долги патеки Томи Стефановски и Александар Илиевски кои на светската листа ФИНЕ освоија високи пласмани.
На светската листа ФИНЕ Томи Стефановски е прв, а Александар Илиевски седми.
Како што се наведува во соопштението на општина Гази Баба, градоначалникот им честитал на Томи Стефановски и Александар Илиевски за извонредните успеси, а на претставниците на фирмите „Кенди“ и „Вардарградба“ им се заблагодарил за несебичната помош и поддршка.
На средбата било разговарано за помошта на бизнис секторот во индивидуалниот спорт и поддршката на спортистите кои покажуваат врвни резултати, а притоа ја промовираат општината и Република Македонија на најубав можен начин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%