Средба на Димитров со шпанскиот амбасадор Сера: Поддршката од Шпанија за европерспективата на земјата
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска оствари средба со амбасадорот на Шпанија во Македонија, Емилио Лоренцо Сера, соопштија од СЕП.
Вицепремиерот Димитров се надоврза на дискусијата остварена на средбата во октомври 2020 година при што го информираше шпанскиот амбасадор за континуираната посветеност на процесот на пристапување и ја претстави „Агенда: Европа дома” со која се потврдуваат заложбите за испорака на резултати во приоритетните области од кластерот „Темели”, изразувајќи надеж дека одлуката за почеток на пристапни преговори со Македонија од март 2020 година ќе се ефектуира во пресрет на идниот европски самит.
– Оваа година е можеби клучна година за одржување на кредибилитетот на ЕУ во регионот, што е од стратешки интерес и за земјите-членки како можност за развој на модалитетите за продлабочување на билатералната соработка. Благодариме за поддршката на Мадрид, а имаме интерес и за техничка помош во клучните реформски области заради постигнување на одржливи резултати, истакна Димитров.
На средбата беше реафирмирана поддршката од шпанска страна за европската перспектива на државата за што е неопходно отпочнување на преговорите за членство со Унијата што е можно поскоро, а беше разговарано и за можностите за зајакнување на билатералната соработка помеѓу двете држави во главните реформски област, но и економската и инвестициската рамка.
Ново на Сител
-
Пронајден и одземен хероин - Кривична и притвор за велешанец
-
Честитка од Социјалистичката партија на Македонија по повод Божиќ
-
Мицкоски за Груби: Сите бегалци од правдата, да дојдат и да се соочат со фактите
-
Гаши: Божиќ е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество
-
Сиљановска-Давкова: Ниту сум имала намера, ниту ќе употребам вето за да навредам некој јазик
-
Зеленски: Русија загуби 38.000 војници во Курската област
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Мицкоски: Нека Божик ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани