Средба Ердоган-Трамп во Париз
Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган и неговиот американски колега Доналд Трамп, синоќа разговарале за време на вечерата што ја организираше францускиот претседател Емануел Макрон во Париз, јави агенцијата Анадолија.
Ердоган во Париз присуствува на церемонијата на одбележувањето на стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна.
Вечерата ја организираше Макрон во чест на светските лидери кои дојдоа во Париз за да присуствуваат на настанот.
Седејќи еден до друг, Ердоган и Трамп имаа кус разговор, јави Анадолија.
Турскиот весник „Милиет“, пак, објави дека Трамп и Ердоган зборувале „на нога“ за време на приемот, а потоа разговорот продолжил за време на вечерата. Трамп и Ердоган седеле еден до друг, и за време на вечерата тие разговарале околу еден час, пишува „Милиет“.
По пристигнувањето во Париз, Ердоган се состана и со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш. Состанокот зад затворени врати траел 45 минути.
Ново на Сител
-
Кога се трошеле најмногу државни пари
-
Пожарот во „Пулс“ ја зеде 61-та жртва, почина пациентот кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото на Вања негира вмешаност во случајот
-
Тема на денот со Аким Али, претставник на СЗО на Македонија
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото тврди дека не е виновен