-->
-->
Средба Али Ахмети - Зоран Заев
-->
Претседателот на СДСМ Зоран Заев и претседателот на ДУИ Али Ахмети попладнево имале средба која е нивна прва на лидерско ниво по предвремените парламентарни избори од 11 декември 2016.
По средбата, двете партии испратија соопштенија со идентична содржина - дека Ахмети и Заев разговарале за своите ставови без да навлегуваат во детали за одделни прашања.
- На средбата начелно се разговараше за позициите на двете страни коишто ги застапуваат во овој период, без навлегување во детали или разговори за одделни конкретни прашања. Во следниот период за очекување е дека ќе продолжат средбите помеѓу двете страни, за што јавноста навреме ќе биде информирана, стои во соопштенијата од СДСМ и ДУИ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје
-
Загина 20-годишно момче во сообраќајка кај Новоселани