Спорт плус
12. May 2016 - 10:34

Сребрен медал за Накова-Бикова од Хановер

Носителката на златниот медал од Параолимписките игри во Лондон во 2012 година, Наковска-Бикова, во дисциплината воздушен пиштол, како првопласирана влезе во финалето, каде во последната серија загуби од Иранката Сарех Јаванмардидомани.
 
Зад Јаванмардидомани и Наковска-Бикова, на третото место се пласира уште една Иранка, Алиех Махмудикордхеили.
 
Македонските параолимпијци, со два медали го завршија учеството на Меѓунардониот натпревар во Хановер, претходно Каранфилов, Јовановски и Наковска-Бикова освоија бронза во екипна конкуренција.