Срцето да ви пукне: Слика на која татко се разделува со штотуку роден син го расплака светот
Сликата на која скршен од болка таткото го држи малиот Никсон и плаче го расплака целиот свет. Никсон Тонкин починал во болница по комплициран царски рез, при кој се здобил со повреда на главата, гушење и крварење.
Само што го добил, Мартин бил принуден да го закопа својот син и да се соочи со болка која било кој родител не би сакал никогаш да ја доживее.
Мартин Тонкин од Австралија е фотографиран додека во раце го држи својот починат син, оваа слика расплака многумина ширум светот.
Никсон требало да биде роден со царски рез, меѓутоа доживеал фрактура на черепот, додека бабицата се обидувала да го извлече бебето.
Откако го изгубила својот син јуни 2014, мајката страдала од пост-траумски стрес и депресија.
Во меѓувреме родителите, добиле и второ дете, но не кријат дека се уште не успеале да излезат на крај со немилиот настан кој ги погодил, пишува Деили Меил.
Ново на Сител
-
Дали трагедијата во Кочани ќе ги седнe на заедничка маса политичките лидери?
-
Забрана за употреба на пиротехника во затворен простор и зголемени казни
-
ДУИ: Зошто Владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
6 пациенти се враќаат од лекување во странство
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повика синдикалните лидери да ги објават месечните примања
-
СДСМ обвинува за нов скандал во Министерството за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците