Македонија
25. April 2022 - 12:39

Србин пробал на Табановце да премине со „мерцедес“ баран од полскиот Интерпол

На 24.04.2022 во 23.50 часот на граничен премин „Табановце“, полициски службеници го лишиле од слобода B.J.(56) од Република Србија затоа што при извршени проверки било констатирано дека возилото „мерцедес“ со полски национални ознаки, кое го управувал, било предмет на потрага по Интерпол Варшава., соопштија од МВР.

Лицето и возилото биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.