Балкан
26. May 2022 - 17:59

Србија: Жена избоде друга жена за време на судење

На судењето во Основниот суд во Врање се случил инцидент кога една жена со нож избодела друга.

Српските медиуми пишуваат дека веднаш интервенирала полицијата, но не откриваат повеќе детали.

Според зборовите на сведоците, повредената жена добила медицинска помош, додека другата е уапсена.