Србија започна со употреба на лекот Бамланивимаб против Ковид-19
Првите пациенти во Клиничкиот центар на Војводина (КЦВ) добија нов лек против Ковид-19, Бамланивимаб.
Овој лек спречува понатамошно ширење на инфекција или прогресија на болеста од лесна до тешка клиничка слика.
Се дава на пациенти по одлука на лекарска консултација, а текот, односно времетраењето на терапијата, трае околу еден час, по што пациентите се враќаат во домашна изолација.
- На тој начин се намалува бројот на хоспитализации поради компликации на вирусна инфекција со Ковид-19 и се спречува развој на сценарио за тешка форма на болеста. Оваа терапија може да ја примаат пациенти постари од 65 години или постари од 55 години, а имаат придружни болести како што се кардиоваскуларни, артериска хипертензија или хронично опструктивно белодробно заболување, изјави директорот на КЦВ Едита Стокиќ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна