Балкан
22. March 2024 - 21:37

Србија: Вучиќ за утре свика состанок на Советот за национална безбедност поради терористичкиот напад кај Москва

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска потврди дека за утре свикал состанок на Советот за национална безбедност во врска со терористичкиот напад кај Москва.

Вучиќ за телевизијата Прва изјави дека „имал неколку причини за свикување на седницата на Советот за безбедност, а ова е непосредна причина“.

Во терористичкиот напад во Москва, во Крокус Сити Хол загинаа 40 лица, а голем број се повредени.