Србија воведува контармерки кон Кососво поради таксите за брашно
Белград ќе почне да применува одредени контрамерки кон Косово, поради тоа што Приштина не сака да ја измени одлуката за воведување на такси за увоз на брашно од Србија, најави денеска српскиот вицепремиер и министер за трговија Расим Љајиќ.
- Ние постепено ќе ги зголемуваме овие мерки, во зависност од развојот на состојбата. Не сме среќни поради ова, но по изјавата на косовскиот министер немаме повеќе маневарски простор за политичко и дипломатско решение за овој проблем, изјави Љајиќ.
Тој доде дека неможе да говори за конкретните контрамерки што ќе бидат превземени, но нагласи дека тие ќе бидат во согласност со меѓународните стандарди.
- Мерките нема да бидат спротивни на ЦЕФТА и ЕУ, ќе бидат согласно нашите закони, со што ќе испратиме силна порака дека нема да го толерираме ваквото однесување и воведувањето на вонцарински бариери. додаде Љајиќ.
Љајиќ се осврна и на изјавата на косовскиот министер за трговија и индустрија на Косово, Бајрам Хасани за РТК дека Косово може да се повлече од ЦЕФТА, доколку УНМИК продолжи да ја претставува Приштина во организацијата.
- Поправедно е да се излезе од ЦЕФТА, отколку да се седи во неа, да се корист од придобивките и да се воведуваат вонцарински бариери. Затоа сосема е коректно да ја иницираат постапката, што би било прв пат да се случи ова сценарио, отколку да имаме ваква состојба, рече Љајиќ.
Министерството за трговија и индустрија на Косово воведе заштитни мерки за домашните производители на брашно, со кои од 23 октомври за брашното увезено од Србија се наплатува тарифа од 40 евра за тон.
Ново на Сител
-
Утре одлука на Таравари: Останува во Вреди или сам ќе трча на локалните избори
-
Муцунски од Луксембург: Крајно време е Македонија да ги започне преговорите со ЕУ
-
Зголемена наплатата на вкупните приходи, најмногу од дивиденди од државните институции
-
Палчо ќе сведочи на денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Кочани денеска ќе добие привремен градоначалник, 45 лица осомничени за пожарот во Пулс
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски
-
Таравари со последни информации за повредените во Кочани
-
30% од децата од 6 до 9 години се со прекумерна тежина