Србија прва во Европа ќе го набави лекот молнупиравир, а лекот сотровимаб веќе е во упoтреба
– Директорката на Републичкиот фонд за здравствено осигурувањена Србија (РФЗО), Сања Радојевиќ Шкодриќ денеска изјави дека 50.000 лекови против Ковид-19 Молнупиравир, на компанијата МСД, ќе пристигнат во Србија во јануари и дека цената на новиот лек Сотровимаб, што почна да се применува во Србија пред неколку дена изнесува 4.000 долари, јави дописникот на МИА од Белград
Како што изјави Шкодриќ за ТВ Прва, Србија е прва во Европа што потпишала договор за купување на лекот Молнупиравир и додаде дека се очекува тој да биде регистриран во декември од Американската агенција за лекови, по што се очекува одобрување во Европа и Србија.
– Лекот е во форма на таблета и ќе се примени за сите пациенти кои се позитивни (на коронавирус), во првите пет дена од позитивноста и навистина се намалува, покажаа резултатите од клиничките студии, најмалку за 50 отсто хоспитализација. Завршени се сите клинички студии за овој лек, што е неопходно пред регистрацијата, а резултатите се одлични, истакна Радојевиќ Шкодриќ.
Таа денеска на ТВ К1 посочи и дека цената на новиот лек кој започна да се користи во Србија пред неколку дена, Сотровимаб, изнесува 4.000 долари.
– Цената на лековите што се користат во третманот на Ковид-19 се движи од неколку стотици до неколку илјади долари. Сотровимаб чини околу 4.000 долари. Тоа е лек од групата неутрализирачки антитела, кој се дава амбулантски во првите седум до десет дена од болеста, само еднаш, како инфузија. Овој лек е препорачан од Светската здравствена организација и е во американскиот протокол за лекување. Според податоците, лекот има ефикасност од 50 до 70 отсто во спречување на хоспитализација. Наменет е за лица постари од 65 години со хронични заболувања, кои се заразиле и се под висок ризик да развијат тешка клиничка слика. Тоа е еден од најефикасните лекови, наведе проф. д-р Радојевиќ Шкодриќ.
Ново на Сител
-
Муцунски: Наскоро ќе почнат консултациите за нови амбасадори и пополнување на местата во конзулатите
-
Нови израелски напади врз областа околу Бејрут
-
Приведено лице за издржување на тригодишна казна затвор
-
Промена на времето со значителен пад на дневната температура
-
Санкции за правно и физичко лице поради неправилности при јавен превоз со товарно возило
-
Почина родилка во Куманово
-
Казнети три ресторани и месарница во Кавадарци, уништени 87 килограми небезбедна храна
-
Најмалку десет загинати и 11 повредени во експлозија на бензинска пумпа во Русија