Балкан
5. October 2022 - 20:29

Србија остана без руска нафта

Европската унија подготви нов пакет санкции против Русија, а тоа значи дека од 1 ноември Србија не може да се снабдува преку Јадранскиот гасовод.

„Србија не воведува санкции кон Русија, па затоа не треба да има корист од остапувањето. Со овој став се согласни земјите-членки на ЕУ“, открива дипломатски извор.

Според првичниот план, требаше да се овозможи транзит на руска нафта преку нафтоводот низ Хрватска.

Србија од 1 ноември не може да се снабдува со руска нафта преку Јадранскиот гасовод или било кое друго пристаниште.