Србија ја засилува контролата над имигрантите
Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ најави дека Србија воведува засилена контрола над сите имигранти што влегуваат во земјата.
- Тоа е значајно од безбедносна гледна точка, посебно поради оние што се занимаваат со различни криминални активности. Поради тоа ја засилуваме контролата над сите што влегуваат (во Србија), истакна Стефановиќ.
Како што јави Танјуг, тој нагласи дека српските власти вршат регистрација на сите бегалци што влегуваат во зејата, со што ја олеснуваат работата на државите кои се нивна главна цел.
Стефановиќ истакна дека засега не е забележна тенденција на зголемено враќање на економските имигранти од ЕУ во Србија, но дека властите ја следат состојбата.
- Ако ЕУ ги враќа тие луѓе, ние уште на српската граница ќе ги враќаме во Македонија, рече Стфановиќ, додавајќи дека Србија заедно со властите во Македонија води сметка да не дозволи премин на границите на имигранти кои доаѓаат од подрачја во кои нема војни.
Ново на Сител
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен
-
Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција
-
Истрага за обид за разбојништво во Битола
-
Од понеделник локален дожд и врнежи снег на планините
-
Протестен марш во Нови Сад „4.000 наставници, 4.000 чекори“
-
ЦУК: Во општините проодни скоро сите патни правци, се дочистуваат локалните земјени патишта
-
Прегазен 17-годишник во Битола, возачот побегнал
-
Охрид подготвен за чествување на Богојавленскиот водосвет