Србија го прогласи црногорскиот амбасадор за „персона нон грата“
Министерството за надворешни работи на Србија синоќа по прогласувањето на српскиот амбасадор Владимир Божовиќ во Црна Гора за „персона нон грата“ возврати со реципрочна мерка.
Во дипломатската нота испратена од српското до црногорското Министерство за надворешни работи се наведува дека амбасадорот на Црна Гора во Белград, Тарзан Милошевиќ е прогласен за непожелна личност во земјата.
Амбасадорот Милошевиќ е должен во следните 72 часа да ја напушти територијата на Репблика Србија, се наведува во нотата.
Црногорското Министерство за надворешни работи објави дека во согласност со членот 9 и на 41 на Виенската конвенција за дипломатски привилегии и имунитет, Министерство за надворешни работи на Црна Гора го прогласи српскиот амбасадор Божовиќ го прогласи за „персона нон грата“ и побара тој да замине од Црна Гора, се наведува во соопштението.
Како образложение за таквиот чекор се наведува „долго и континуирано мешање во внатрешните работи на Црна Гора, однесување и и изјави неспоиви со вообичаените и прифатливи стандарди за извршување на дипломатската функција“.
Официјална Подгорица тврди дека Божовиќ повеќепати бил усно и писмено предупреден за неговото неприфатливо однесување.
Според црногорското МНР, Амбасадорот Божовиќ во петокот „нелегалното и нелегитимно го нарече Подгоричко собрание од 1918 година ослободително и слободна волја на црногорскиот народ, со што уште еднаш, на најдиректен начин ја омаловажи државата која му пружи дипломатско гостопримство“.
Во соопштението се истакнува дека Божовиќ на таков начин го понижи законодавното и претставничко тело – Собрание на Црна Гора, кое на 29 ноември 2018 година усвои Резолуција за поништување на одлуката на Подгоричкото собрание, со која беше укинат дотогашниот суверенитет на Црна Гора, а нејзината територија припоена кон Кралството Србија и насилно беше детрониизран кралот Никола Петровиќ Његош.
Ново на Сител
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час