Србија го номинира Вук Јеремиќ за генерален секретар на ОН
Српската Влада по долго премислување вчера официјално го предложи поранешниот шеф на српската дипломатија и поранешен претседавач со Генералното собрание на ОН, Вук Јеремиќ, за кандидат на Србија за генерален секретар на Светската организација, објавија денеска белградските весници.
Во првата реакција, Јеремиќ изјави дека за него е „голема чест да ја претставува својата земја на толку важен натпревар“ како што е изборот за главен секретар на ОН.
- Ќе ја претставувам земјата на највисоката светска сцена, Тоа е исклучителна можност. Ќе направам се што е во наша моќ, тоа да го направиме на најдобар можен начин, изјави Јеремиќ, чија кандидатура со денови беше под знак прашалник.
Јеремиќ за Б92 објасни дека засега не познато дали ќе му биде овозможено да ја претстави својата кандидатура, бидејќи претставувањето на останатите кандидатите во ОН започна од вчера.
- За тоа одлука треба да донесе претседавачот на Генералното собрание, бидејќи дневниот ред е веќе усвоен. Тој мора да биде променет за да може Србија да се претстави, нагласи Јеремиќ, наведувајќи дека дел од неговиот тим веќе отпатувал за Њујорк.
Тој нагласи дека функцијата генерален секретар на ОН е една од најважните во денешниот меѓународен поредок.
- Кампањата ќе биде напорна. Во неа ќе учествуваат многу добри и јаки кандидати. Некои од нив се во кампања веќе со месеци. Но, ќе направиме се за да го надоместиме пропуштеното, рече Јеремиќ, кој одби да ги оценува своите шанси.
Покрај Јеремиќ, во трката за наследник на Бан Ки-мун, засега, се и поранешниот шеф на македонската дипломатија Срѓан Керим, директорката на УНЕСКО, Бугарката Ирина Бокова, екс-претседателите на Литванија и на Словенија, Делија Грибаускаите и Данило Турк, поранешните премиери на Нов Зеланд и Португалија, Хелен Кларк у Антонио Гутереш и донеодамнешните министри за надворешни работи на Хрватска и Црна Гора, Весна Пусиќ и Игор Лукшиќ.
Се очекува новиот генерален секретар на ОН да биде избран во септември. Мандарот на Бан Ки-мун истекува на крајот на годинава.
Ново на Сител
-
Кремљ не потврдува, но и не го демантира телефонскиот разговор Путин - Трамп
-
Минусни температури во целата држава
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на почетокот на градежните работи за санација на скверот позади ТЦ „Капитол“ во Аеродром
-
Северна Кореја почна да произведува дронови со техничка помош од Русија
-
Истрага против дилер на дрога во Скопје
-
Уличен форум „Зошто нашите градови се небезбедни?“ во Скопје
-
Студено утро, преку ден сончево
-
Ќе се гради патот Букојчани - Кичево за целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид и Струга