Србија: Два вагона-цистерни со фосфорна киселина се излизгаа во Зајечар
Два вагона-цистерни со фосфорна киселина денеска се излизгаа во Зајечар, но нема истекување ниту опасност по луѓето и околината, соопштија од компанијата „Србија Карго“.
Лизгањето на осмата и деветтата цистерна се случи во 08:40 часот на четвртата пруга, во станицата Зајечар.
„Немаше истекување, нема испарувања и нема опасност по животите на луѓето или животната средина“, се наведува во соопштението.
Во товарната композиција имало 12 вагони-цистерни, кои се во сопственост на компанијата „Еликсир“ и патувале од Прахов до Шабац.
Заедничка железничка комисија за истрага на вонредни настани на Железничката инфраструктура на Србија и Србија Карго е на терен и ќе ги утврдува причините за несреќата.
Сообраќајот на патнички и товарни возови на станицата Зајечар не е во прекин, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа