Балкан

Србија: 24 починати и 4.994 новозаразени од Ковид-19

Српските медиуми соопштуваат дека во Србија се регистрирани 4.994 нови случаи на коронавирус во последното деноноќие.

Од направени 17.645 тестови во Србија се регистрирани 4.994 нови позитивни лица од Ковид-19.

Овој ден е најлош по бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Србија.