Свет
20. јуни 2021 - 18:19

Спутник В штити од сите мутации на Ковид-19, тврди Гинцбург

Руската вакцина против коронавирусот, Спутник В, штити од сите познати мутации на Ковид-19, тврди директорот на Националниот центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја”, Александар Гинцбург.

Тој прецизира дека заштитата вклучува и од британската мутација, како и од делта сојот, кој е првпат откриен во Индија.

Рускиот центар „Гамалеја” ја разви вакцината Спутник В, која е прва регистрирана вакцина против коронавирусот.