Македонија
4. October 2021 - 21:38

Спутник њуз: Зад падот на Фејсбук, Инстаграм и Ватсап стојат хакери

Зад падот на Фејсбук, Инстаграм и Воцап наводно стојат хакери, пренесува Спутњик њуз.

Бројни корисници на овие апликации имаат проблеми долго време со користење на истите.

Се чини дека Инстаграм „падна“ затоа што многу луѓе не можат да ја користат апликацијата.

Неколку корисници на Твитер пријавиле дека оваа апликација не работи добро.

Воочено е дека апликацијата „паднала“ или не вчитува никаков пост.

Приватните лични податоци на 1,5 милијарди корисници на Фејсбук наводно се продаваат на популарните хакерски форуми.

Кон крајот на септември на хакерски форум беше објавено соопштение во кое се тврди дека имаат имиња, имеил адреси, броеви на телефони, локација, пол и кориснички ИД на 1,5 милијарди корисници на Фејсбук