Спринтерoт Тебого од Боцвана го освои златото на 200 метри во Париз
Ноа Лајлс важеше за фаворит во олимпиското финале на 200 метри, но не успеа да ја освои двојната титула на уште еднаш исполнетиот „Стад Франс“, бидејќи два дена претходно беше најбрз на 100 метри. Сосема неочекувано златниот медал во оваа дисциплина го освои Лесил Тебого од Боцвана!
На целта стигна за 19,46 секунди, поставувајќи африкански рекорд и го постигна петтиот најдобар резултат во историјата.
Тебого на оваа јужноафриканска земја и го донесе првиот олимписки златен медал во историјата.
Американецот Кенет Беднарек беше „сребрен“ со 19,62, додека Лајлс мораше да се задоволи со бронзата бидејќи истрча 19,70.
Лајлс се надеваше дека ќе стане првиот по Усеин Болт со „двојна круна“ на Игрите, но не успеа. Два дена претходно, Лајлс освои злато во трката на 100 метри со предност од пет илјадитинки.
Ново на Сител
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија
-
Пожар во семејна куќа во Куманово
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
-
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина
-
24-годишна велешанка осомничена за серија кривични дела во само пет дена
-
Денеска се празнува Сретение Господово