Македонија
19. July 2024 - 12:17

Спречена експлозија на над 80 тони гас во кругот на поранешна „Порцеланка“

Спречена експлозија на над 80 тони гас во кругот на поранешна велешка „Порцеланка“, оваа информација ја соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

„Благодарение на брзата и пожртвувана реакција на храбрите велешки пожарникари избегната е голема трагедија во кругот на поранешна велешка Порцеланка“, кажа Ангелов.

Огнот бил сопрен на само стотина метри оддалеченост од цистерни и склад со повеќе од 80 тона плин.