Спречен шверц на стока за широка потрошувачка на Граничен премин Долно Блаце
На 01.06.2022 на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници извршиле контрола во две патнички возила и задржале четири косовски државјани, затоа што во возилата била пронајдена поголема количина на стока за широка потрошувачка без потребните документи.
Имено, во 14.15 часот бил извршен преглед во возило „фолксваген бора“, со косовска национална ознака, управувано од Р.С.(30), во кое совозач бил А.Т.(31), двајцата од Косово. При преглед во возилото, во делот за резервна гума била пронајдена стока за широка потрошувачка без документи.
Во 15.20 часот, пак, била извршена контрола и на патничко возило „фолксваген голф“, исто така со косовска национална ознака, управувано од Ќ.Ц.(23), во кое совозач бил Г.И.(29), двајцата од Косово. При контролата било констатирано дека возилото било натоварено со стока за широка потрошувачка без документи.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител, по чија насока лицата и предметите биле предадени на царински службеници за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучувањето за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, воено политички експерт
-
Мицкоски: Ние сме усогласени со надворешната политика на ЕУ
-
Владата го усвои предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски
-
Влада ги отфрли доказите на СДСМ за работењето на Меџити - немало злоупотреба на положбата
-
Европратеник Вајц: И покрај Украина, проширувањето е висок приротитет на ЕУ
-
Македонија во Обединетите нации гласаше усогласено со ставот на САД
-
Маркетите ќе мораат да ги објавуваат цените на сите производи и на интернет