-->
-->
Спречен шверц на околу 30 килограми марихуана наменети за Македонија
-->
Албанската погранична полиција спречила шверц на 28,7 килограми марихуана која требало да биде внесена во Македонија.
Според телевизијата „Ора њус“, дрогата ја шверцувале две лица, кои биле забележани од полицијата во непосредна близина на граничниот премин Ќафасан, близу до Струга, во два часот по полноќ.
- Две лица ги оставиле вреќите со дрога и во мракот успеле да побегнат во шумата. Во трите вреќи пронајдени се 25 пакетчиња со марихуана, се наведува во полициското соопштение.
Полицијата работи на идентификација на нарко шверцерите и нивните соработници од двете страни на границата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 13 часот
-
ОБСЕ: Утре ќе ги соопштиме заклучоците
-
Просечна излезност до 11 часот
-
Просечна излезност до 9 часот
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени