Спречен обид за нелегално внесување девизи
Царинските службеници од граничниот премин Блаце спречија обид за нелегално внесување на 34 илјади евра во државата.
Како што информираат од Царинската управа, синоќа околу полноќ, за влез во државата се пријави автомобил марка фолксваген пасат со српски регистарски таблички, управуван од српски државјанин, придружуван од уште еден српски државјанин. На прашање на царинските службеници дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, двајцата одговориле негативно.
- Поради сомневање во изјавата, лицата и возилото беа селектирани за детална контрола. При контрола на возилото, во касетата пред совозачкото седиште се пронајдени 34.000 евра, а по извршениот личен претрес, кај двајцата патници се пронајдени по 10.000 евра или вкупно 54.000 евра, соопшти Царинската управа.
За време на службениот разговор, се нагласува во соопштението, прекршителите изјавиле дека парите му припаѓаат на сопатникот и дека имале намера со нив да платат авио - транспортни услуги во Скопје.
Согласно Законот за девизно работење, по 10 илјади евра, износ кои може слободно да се внесат во државата им се вратени на прекршителите, додека остатокот од 34.000 евра е привремено задржан, а против нив е поведена и прекршочна постапка.
Ново на Сител
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција
-
Вливот на реките рак рана за езерото