Македонија
7. March 2021 - 16:35

Спречен меѓународен шверц, МВР заплени над 500 килограми марихуана

Во две одделни акции на југот од државата полицијата пресече меѓународни канали за транспорт на дрога. Запленети се над половина тон марихуана, а три лица се приведени. Во едниот случај, марихуаната од Косово преку Македонија и Грција требало да биде транспортирана во Турција. Се проценува дека на турскиот пазар запленетата марихуана би достигнала вредност од над милион евра. По претходно преземени оперативни мерки, дрогата била откриена на граничниот премин Богородица во камион со кој управувал 47 годишен скопјанец. Марихуаната од над 420 килограми била сместена во отпадна хартија која се превезувала легално. 

Само неколку часа претходно во друга акција, независно од претходната на самата гранична линија полицијата пресече уште еден меѓународен канал за шверц на дрога. Во автомобил марка „Шкода“ откриени се 93 килограми марихуана наменети за пазарот во Грција. На местото на настанот биле затекнати и две лица кои се обиделе да побегнат, за кратко се фатени и лишени од слобода. 

Во врска и и со двата случаи постапува и грчката полиција со цел расчистување на овие меѓународни канали и пронаоѓање на други лица инволвирани во транспортите.