-->
-->
Спортист за 2015: Болт го победи Ѓоковиќ
-->
Најбрзиот човек во светот, Усен Болт, тенисерката Серена Вилијамс и фудбалскиот клуб Барселона се прогласени за најдобри во 2015 година, во изборот на Меѓународното здружение на спортски новинари (AIPS).
Болт доби 804 гласови, во категоријата Спортист на годината. Атлетичарт од Јамајка за 30 гласови го победи тенисерот Новак Ѓоковиќ, додека на третото место се најде фудбалерот на Барселона, Лео Меси со 380 гласови.
Во женска конкуренција најмногу глaсови доби Серена Вилијамс. Американката четири години ја освојува оваа награда на AIPS. Серена доби 664 гласови и победи пред светската рекордерка на 1500 метри Гензебе Дибаба и светската првенка и европска рекордерка на 200 метри Дафне Шиперс.
За најдобар тим е прогласен фудбалскиот клуб Барселона, а на второто и третото место се најдоа рагби репрезентацијата на Нов Зеланд, која пред два месеци стана светски првак и Голден Стејт Вориорс, тим кој ја освои титулата во НБА лигата.
Во изборот на AIPS гласале спортски новинари од 91 земја во светот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
WhatsApp воведува нова корисна промена
-
Најубаво куче на светот е авганистански ‘рт што доаѓа од Чиле
-
Додик: Ќе побарам од Србија и Вучиќ поддршка за разидување на Република Српска од БиХ
-
На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација
-
Недовршен портрет од Густав Климт, продаден за 30 милиони евра
-
ПМФЛ: Неочекуван пораз на Струга
-
Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо
-
Партиите бараат од граѓаните масовно да излезат на гласање на 8 мај, ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека би формирала влада со Вреди