Фудбал
6. October 2023 - 10:01

Скандал во Алкмар: Полицијата со пендреци удри по раководството и фудбалери на Легија | ВИДЕО

Кратко откако заврши дуелот во Конференциската Лига помеѓу Аз Алкмар и Легија Варшава настана скандал каде што беа нападнати фубалерите и раководството на полскиот тим.

Холандската полиција со пендреци ги нападна фудбалерите и стручниот штаб на Легија, додека чекаа да заминат со автобусот од стадионот по синоќешниот дуел во Конференциската лига.

Како што информираат полските медиуми, претседателот на клубот, Миодуски неочекувано добил неколку удари од полицијата, а дел од играчите се впуштиле во клинч со полицијата, па приведени се капитенот Жосуе и дефанзивецот Радован Панков.

Потоа претседателот и тренерот на Легија со такси заминале во полициската станица по своите фудбалери.