-->
-->
Мбапе изби на второто место помеѓу француските фудбалери по ефикасност во ЛШ
-->
Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе синоќа постигна еден гол на натпреварот од 1. коло од групната фаза на Лигата на шампионите против Борусија (2:0). Тој сега има 35 постигнати голови во европските купови.
Дваесет и четиригодишниот Французин се најде на второто место во историјата по ефикасност помеѓу неговите сонародници. Тој се изедначи со Тиери Анри.
Лидер на оваа листа е Карим Бензема, кој за Лион и Реал Мадрид постигна 78 гола во Лигата на шампионите.
Мбапе постави уште еден рекорд. Со постигнувањето гол за ПСЖ во неговата седма последователна сезона во Лигата на шампионите, тој се изедначи со Единсон Кавани, кој постигнуваше гол во европските натпреварувања за парижаните од 2013 до 2020 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци