Италијанците почнаа да објавуваат преговори меѓу судиите и ВАР
Италијанската фудбалска федерација, Здружението на италијански судии и компанијата ДАЗН се договорија за проект за развој на тамошниот фудбал. Конкретно договорена е програма „Отворен ВАР“ посветена на судењето.
Првата емисија се случи на 24 септември. Во неа, менаџерот на судиите во Серија А и Б, познатиот судија Џанлука Роки, ги анализираше натпреварите од 4. коло на италијанското првенство, кои се одиграа од 16 до 18 септември. На ТВ гледачите детално им беше прикажана работата на судиите и нивните видео асистенти, им беше дадена можност да ги слушаат нивните преговори, а Роки сето тоа го коментираше и објаснуваше.
Италијанските судиски ваквиот начин на комуницирање со јавноста го нарекуваат „историски момент“ и се надеваат дека проблемите со судењето ќе им станат појасни на навивачите, а процесот на одлучување за време на натпреварот може да биде потранспарентен.
Планирано е емисијата „Отворен ВАР“ да се емитува редовно по секое коло.
Ново на Сител
-
Во Србија поголемиот број училишта не работеа, протест на просветните работници
-
Приведено лице барано со потерница за затворска казна од пет години
-
Украла пари од домот на 74 годишна жена, приведена прилепчанка
-
До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и ветер
-
Нова кривична за Мерко
-
Внимавајте се појавија лажни паркинг карти - не ги плаќајте
-
Пронајдени мигранти од Непал, приведени две лица од кумановско
-
ЦУК: Вкупно 1.727 повици на 112, осум пожари на отворено