Свет
8. September 2016 - 20:23

Спорови во Унгарија поради нов учебник по историја во кој Орбан има почесно место

Објавувањето нов учебник по историја во кој премиерот Виктор Орбан зазема почесно место и кој повторува негови ставови против имигрантите, предизвика спорови и полемики во Унгарија.

Учебникот е наменет за ученици на 14-годишна возраст.

Орбан, кој е на власт од 2010 година, во учебникот е претставен како „основоположничка фигура во современа Унгарија“, јави БТА.

Ласло Миклош претседател на Асоцијацијата на професори по историја изјави дека тој учебник „никогаш не требало да дојде во раце на ученици“.

Критики се упатени и за начинот на кој во учебникот пристрасно се претставени политичките сили. Според текстовите, во него левицата „се карактеризира со радикализам“, а десницата „ги почитува вредностите од минатото“.