ОН: Спорот околу Катар треба да се реши преку разговори
Советот за безбедност на Обединети нации смета дека спорот меѓу Катар и неговите противници треба да биде надмината по пат на разговори меѓу самите засегнати страни, изјави постојаниот претставник на Кина во СБ, Лиу Џиеи.
Едномесечниот мандат на Кина како земја претседавач на СБ на ОН, почна од 1 јули.
Лиу нагласи дека СБ нема намера да се меша во решавањето на спорот меѓу Катар и неговите соседи во Персискиот Залив и Египет. Во петокот, катарскиот министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани се сретна со членовите на Советот, за да ја разгледаат можноста од прекинување на санкциите меѓу неговата земја и Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет.
Во однос на Северна Кореја, Лиу предупреди дека ќе има катастрофални последици, доколку големите сили не успеат да ги нормализираат односите со Пјонгјанг и работите излезат од контрола.
САД од своја страна, уверуваат дека се подготовени за дијалог, но под услов - Северна Кореја да запре со тестирањата на балистички и нуклеарни ракети.
Ново на Сител
-
Најсвежо утро во Лазарополе, најтопло во Дојран и во Гевгелија
-
Девет пожари на отворено изминатите 24 часа
-
Собранието ќе ја одржи 9. седница
-
Министерот Муцунски на НАТО работен појадок
-
Бајден повтори дека нема намера да се повлече од претседателската трка
-
Реална шанса за постигнување договор за ослободување на заложниците, тврди израелски преговарач
-
Лабуристите победија на изборите во Велика Британија - Кир Стармер ќе биде новиот премиер
-
Сончево и топло, до 34 степени