Според извештај на Администрацијата на Бајден, во Украина досега убиени или ранети над 75 илјади руски војници
Повеќе од 75 илјади Руси се убиени или ранети во војната со Украина, ја пренесува „Си-Ен-Ен” изјавата на демократската пратеничка Елиса Слоткин која се повикува на тајни податоци со кои располага Администрацијата на претседателот Џо Бајден.
Информацијата за руските загуби во Украина Слоткин ја дала после брифинг на администрацијата на Бајден одржан зад затворени врати.
„Информирани сме дека повеќе од 75 илјади Руси се или убиени или ранети, што е огромна бројка. Тие многу вложуваа во својата пешадија, а 80 отсто од копнените сили се вкопани и заморени”, вели таа.
Последните проценки на ЦИА укажуваа за некаде околу 15 илјади руски војници загинати на фронтот.
Засега нема официјални информации од Москва за своите загуби во она што Русија го нарекува специјална воена операција во Украина.
Војната почна на 24 февруари годинава.
Ново на Сител
-
Прво проверка, потоа поврат на ДДВ
-
Нов случај на западно нилска треска - Пациент од струмичко хоспитализиран на Инфективна
-
Дрвокрадци пустошат преку 30 000 кубни метра дрва годишно, институциите молчат
-
Трипуновски домаќин на годишниот работен состанок на министри на ЈИЕ
-
Стартува примената на есенската кошничка
-
Законот за бранителите во Собранието
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДМС и ДУИ потрошиле 100 милиони евра без критериуми
-
Странски студенти на УГД Штип