Живот
26. September 2021 - 16:25

Спојот на културно наследство и природа треба да привлекуваат повеќе гости и туристи

„Вело тура за култура“ беше насловот на настанот кој денеска го организираше невладината Орион глобал заедно со здруженијата на велосипедисти од Прилеп „Маркови точакџии“ и „Прилеп на точак“, а во чест на 100 годишнината од раѓањето на нашиот великан Блаже Конески. Велосипедската тура се возеше од Прилеп до родната куќа на Конески во Небрегово.

„Да придонесеме како Македонци за овој светол датум бидејќи со делото на Блаже Конески се заокружуваа онаа самобитност и различност на Македонците и Македонскииот народ во целата словенско-балканска лиитература и култура“, додаде Мартина Билјаровска, НВО „Орион Глобал“.

Велосипедистите велат дека посетата на ваквите културно историски споменици е идеална можност за промоција на туристичките потецијали во Македонија, но е потребна е и изградба на соодветна вело инфраструктура за да се стигне до нив.

„Потребно е истите локации да бидат поврзани со соодветна велосипедска инфраструктура во која велосипедистите ќе можат безбедно да стиигнат до самата локација“, рече Даме Димески, граѓанска иницијатива „Прилеп на точак“.

„Во иднина би требало и почесто да се организираат вакви тури во смисла на популаризација на здравиот начин на живот на велосипед, на вакви културни манифестациии и вакви спомен обележја“, истакна Филип Илиоски, претседател на здружение „Маркови Точакџии“.

Учесниците на овој настан ги пречекаа надлежните од Завод и музеј Прилеп кои на присутните им ја доловија вистинската големина и значењето за Македонија „Џинот од Небрегово“.

„Великанот на современиот македонски јазик, кодификаторот на македонскиот јазик, непресушен извор на поезија и проза му оддаваме чест оваа година со одбележување на 100 годишнината од неговото раѓање“, изјави Горан Цветкоски, етнолог во Завод и Музеј Прилеп.

Пред присутните актерот Игор Трпчески прочита дел од поезијата на Конески, а организаторите истакнаа дека и во иднина ќе се организираат вакви вело тури се со цел запознавање на нашите културно-историски споменици и развој на овој вид на туризам.