СПМ: Тупанчевски како е можно да може да постои здружение „Ванчо Михајлов“, но не и „Млади за Македонија“?
Социјалистичката партија на Македонија го смета за неприфатливо досегашното понижување на македонскиот народ со именување на бугарските здруженија во Македонија за што од непознати причини Владата нема решение.
Меѓутоа за во иднина, по оригинален предлог на омилениот владин експерт и воедно министер за правда Тупанчевски, јавноста е информана за формирањето ад-хок комисија во која ќе членува и Драги Ѓорѓиев, првиот човек на Комисијата за ревизија на историјата.
Социјалистичката партија на Македонија воопшто не е изненадена од одлуката на Владата и истата ја очекуваше и ја смета за ново насилство врз македонската јавност со манифестирање сила и моќ.
Социјалистичката партија на Македонија прашува кој е критериумот за избор на членови во оваа ад-хок комисија и колкав надомест тие ќе добиваат за својот ангажман.
Понатаму, дали преку оваа комисија се наградуваат владините советници и се разбира неизбежниот претседател на историската комисија, инкриминираниот академик и распродавач на македонската историја, на значајни историски личности и на македонските национални интереси?
Наместо со законско решение, до крајност небулозната ад-хок комисија, според Владата, ќе има мандат да спречи да се регистрираат здруженија и фондации со имиња на контраверзни ликови!.
За почеток, добро е јавноста да го слушне ставот на ова тело околу веќе регистрираните бугарски здруженија.
И последното прашање до Тупанчевски, македонскиот министер за правда, како е можно според Министерството за правда да може да постои здружение „Ванчо Михајлов“, но не и „Млади за Македонија“?
Ново на Сител
-
ОЈО поведе истрага за пожарот во Трубарево
-
Муцунски во посета на САД, средба со конгресмени и сенатори
-
Протест со повик „Ниту една повеќе“
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокатка
-
Две години затвор за Лидија Димова, треба да врати над 350.000 евра на Националната агенција за европски образовни програми
-
Трубарево и Дрисла под контрола - учениците во четирите училиште в понеделник се враќаат на настава
-
Политички реакции за фемицидот во Велес
-
Стартуваа обуките за јавната администрација - премиерот најави департизација на јавниот сектор