СПМ: Не сме изненадени од изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно користење на „северна“
Социјалистичката партија на Македонија воопшто не е изненадена од написите и изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно инсистирање на придавката „северна“. Дотолку повеќе што секој, па и македонската претседателка мора да се изјаснува како што тие сакаат.
Опачината на македонското општество и ретроградните структури и понатаму си земаат за право да зборуваат за македонските интереси иако токму тие во претходниот седумгодишен мрак дестина пати ги предадоа раководејќи се од омразата кон сопствениот народ.
Овие ликови кои ја трошат последната парична милостина како да не ја сфатија изборната порака од народот која е кристално јасна и чиста дека само Македонија е историското име на државата која станува повторно горда. Но, тие работеа и продолжуваат да работат против сопствената држава и народ кој очигледно ги отфрла.
Претходниот хибриден режим на сила, со подлост и предавнички го смени името на државата и не ја почитуваше референдумската воља на граѓаните.
Народот со изборите го покажа правиот и вистинскиот пат што го сака за државата во која ќе ги остварува своите идентитетски обележја, без некој да му наметнува други решенија со притисок.
Коалицијата „Твоја Македонија“ ја доби поддршката од македонскиот народ кој очекува стабилност, просперитет и европски развој на Македонија.
Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека со цврста решеност и со спроведување на Програмата на Коалицијата е единствено реално да се обезбеди иднината и развојот на државата и гордоста на граѓаните.
Ново на Сител
-
Орбан пристигнува во Охрид, градот под засилен безбедносен режим
-
Борисов: Албанија оди напред, Македонија ги трпи последиците од своето однесување
-
Пекарската индустрија се соочува со недостиг на кадар
-
Согорувањето на биомаса е главен загадувач на воздухот во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Бугарија мора да одговори до 16.12 кога ќе го смени Уставот за да ги признае Македонците
-
Тема на денот со Тони Менкиновски, правен застапник на Македонците од Бугарија
-
РЕХАУ Македонија прослави 25 години успешно работење, отворени вратите на новиот салон во Илинден